Државниот удар одбиен и без поддршка од опозицијата и светот!?

Сподели

636042060341490089-EPA-TURKEY-COUP-ATTEMPT

Портпаролот на турското државно разузнавање изјави дека обидот за државен удар бил одбиен. Армиски борбени авиони летаат над Анкара за да ги неутрализираат хеликоптерите кои ги користат пучистите, јави турската државна агенција Анадолија Anadolu Agency.AA.

Се слушна силна експлозија во Истанбул, според очевидец на Ројтерс.

Анадолија ја нарече армиската група зад пучот „Фето“, како што турската влада го вика движењето Хизмет што го води свештеникот од САД Фетула Ѓулен.

Се очекува наскоро да продолжат меѓународните летови од аеродромот во Истанбул, според Европската организација за безбедност на воздухоплова навигација. Слетувањата на истанбулксиот аеродром се уште се во прекин оти аеродромот е полн.

Шефот на НАТО Јенс Столтенберг повика на целосно почитување на турските демократски институции. Германската канцеларка Ангела Меркел на Твитер соопшт дека мора да се почитува демократскиот ред во Турција и дека мора да се стори се за да се заштитат животите.

Барак Обама побара од сите политички партии во Турција да и дадат поддршка на турската влада која е “демократски избрана”.

Русија е исто така “екстремно загрижена поради вестите кои доѓаат од Турција” а Владимир Путин е константно во тек со ситуацијата преку неговите дипломатски и разузнавачки служби, изјави портпаролот на Кремлин Димитри Пешков.

Во моментов религиозните власти повикаа на молитва во сите џамии во земјата како поддршка за владата.

Во меѓувреме локалните агенции јавуваат за 17 загинати полицајци. Авиони од типот Ф-16 урнаа хеликоптер кој припаѓал на пучистите, најверојатно во Анкара од каде се слушаат експлозии.

Според владината агенција Анадолу, во редовите на војската имало петмина загинати во околината на јавниот ТВ сервис.