Државниот врв на традиционален божиќен ручек со г.г. Стефан

Сподели

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан по повод божиќните празници и својот именден, денеска ќе приреди традиционален божиќен ручек за државниот врв.

Поканети се претседателот на државата, Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Божиќниот ручек традиционално се одржува во резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан, а ќе присуствуваат и дел од членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА.