Државните инспектори продолжуваат интензивно да работат на терен, со цел да гарантираат целосно почитување на мерките на Владата за заштита од КОВИД-19.
Секој кој нема да се придржува до мерките на Владата ќе биде санкциониран, без исклучок. Овие мерки се донесени во интерес на здравјето на граѓаните и на јавното здравје и мора да се почитуваат.