ДС: Груевски треба да го врати мандатот!

Сподели

Соопштение на ДС:

Давање на мандатот на ВМРО-ДПМНЕ за формирање на Влада без да презентира дека има мнозинство во Парламентот, се покажа крајно неодговорно, кршење на Уставот и продлабочување на кризата.

Граѓаните очекуваат промени на подобро, а не пазарења со националните и државните интереси. Албанците што гласаа за и против ДУИ исто така се за промени, така да ДУИ нема голем маневарски простор преку тајни преговори да глуми дека  ќе ги разреши сите отворени проблеми.

Засега е кристално јасно дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ немаат мнозинство и дека не се во можност да формираат Влада. Тоа Али Ахмети го знае и затоа ДУИ треба да соопшти дека немаат доволно поддршка  за избор на Влада.

Но, и без тоа набрзо ќе се види апсурдноста на губењето време со некаква националистичка платформа за дневно политички потреби.

Никола Груевски треба да го врати мандатот и истиот да се даде на партиите кои јавно ќе презентираат дека имаат 61 пратеник, колку што се потребни за избор на Влада.