ДСЗИ во Токсикологија: Договорите за вработување се само со потписот на Иљази

Сподели

Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска изврши контрола на Клиниката за токсикологија поради тврдења за вработени без соодветно образование. Се проверуваше по кој основ им биле продолжени договорите за работа на 18 лица вработени на дело. Од инспекторатот велат тие се примени со само еден потпис од директорката, Бесија Иљази, организацискиот директор што е спротивно на законот за здравствена заштита.

„По налог отидовме на Клиниката за Токсикологија каде што со решение се забрани пристап на здравствени работници и обавување на лица кои немаат важечки договори. Извршивме контрола и констатиравме дека по истото решение е постапено, и заклучно со 15.05 се потпишани договорите за вработување на овие лица. Децидно стои во законот за здравствена заштита дека договори за вработување мора да бидат потпишани од двајцата директори, како и за отказни решенија, јавни наабавки итн. Во овој случај станува збор за договори за вработувања потпишани само од организацискиот директор“ – изјави Рената Младеновска од ДСЗИ.

Бесија Иљази во изјава за албански медиуми потврди дека клиниката има потреба од 18 вработувања што предизвикаа превривања во јавноста.

– Има лица кои работат девет години, пет години, четири години, многу се ретки тие кои работат со месеци. Во врска со тоа дали има потреба, бидејќи неколкупати сме слушнале такви изјави дека немаме потреба, а кога нема потреба, зошто тогаш и директорот кога е на одмор, дежура? Бидејќи нема персонал. На пример на шалтер се случило да сме немале никого бидејќи биле со договор и требало некој од администрација да оди да работи на шалтер, појаснува Иљази.

Таа увидела дека имаат потреба и затоа инсистирала да се направат договорите. Според неа, лицата работеле постојано и повеќе отколку што требало, дежурале, нешто што не било дозволено без договор.