По 131 ден поминат на ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, малата Дуа со солзи радосници ја испративме дома, информираат од Клиниката.

На 12 март таа се роди во 24-та гестациска недела, со само 520 грама и по повеќе од 4 месеци престој на Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), ектремното прематурче си замина како здраво бебе со тежина од 1890 грама.

ЈЗУ У ГАК и посакува многу здравје и среќно и безгрижно детство, во надеж дека секогаш ќе ве радуваме си среќни приказни за нашите најмали новородени.
