ДУИ бара итна оставка на министерот за економија

Сподели

Министерството за економија, неспособно да се справи со економската криза и неоснованото зголемување на цените на основните продукти, сега ги повикува граѓаните сами да ги решаваат проблемите што Владата не знае и не може да ги реши!

Ова е врвот на апсурдот и најголемата иронија на една неспособна власт, која веќе јавно го признава својот неуспех. 

Наместо да преземе конкретни мерки за спречување на инфлацијата, сузбивање на шпекулациите и заштита на животниот стандард на граѓаните, министерот за економија се крие зад празна пропаганда и ја префрла одговорноста врз граѓаните.

Оваа влада веќе нема ниту легитимитет, ниту капацитет да управува со државата. 

Демократската унија за интеграција бара итна оставка на министерот за економија и преземање на итни мерки за запирање на неоснованото зголемување на цените. 

Наместо Владата да игра театар со граѓаните, нека ја преземе одговорноста што ѝ припаѓа! се наведува во денешното соопштение на ДУИ.