ДУИ ќе поддржи формирање на специјално судско одделение за случаите на СЈО

Сподели

 

Krivicen-sud-860x680Иницијативата за формирање специјално судско одделение за предметите што ги работи Специјалното јавно обвинителство доби поддршка од Демократската унија за интеграција (ДУИ). Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, во изјава за „Алсат М“ рече дека неговата партија во основа нема ништо против такво решение.

„Ова е сериозна тема, која не може да биде прашање на медиумски разговори. Ако има таква волја, тоа треба да помине институционално, првин преку разговори на релевантните партии потписнички на Договорот од Пржино. Ако во тие преговори се отвори таа иницијатива, ДУИ принципиелно е за формирање канцеларија или посебен оддел што ќе се занимава со случаите на СЈО“, вели Османи.

Идејата за специјално одделение во Кривичниот суд првично ја промовираа повеќе припадници на академската заедница. Кога судот почна едно по едно да ги одбива барањата за притвор на Катица Јанева, идејата доби и поширока поддршка во јавноста и стана и едно од барањата на „Шарената револуција“.

Извор: Мета Мк