Демократската Унија за Интеграција смета дека постојаните реакции на ВМРО-ДПМНЕ се јасен показател за целта на овој политички субјект против Албанците на чело на државните институции, токму во време кога земјата бележи значителен напредок во важните политички процеси за деблокирање на нејзиниот пат кон Европската Унија, во која кадрите на Демократската Унија за Интеграција се ангажирани со целосен легитимитет од народот во соработка со коалиционите партнери.
На ВМРО ДПМНЕ и пречи стратешката определба и посветеност на ДУИ за градење добрососедски односи со земјите од регионот, за продлабочување на економската соработка со нив, за поефикасни проекти за патна интерконекција, затоа има тенденција да фрла прашина на докажаната проевропска зелена агенда за развој на државата преку пласирање на неосновани обвинувања, се вели во соопштението на ДУИ.
Овие медиумски изјави на ВМРО-ДПМНЕ се бледа копија на кампањата на СДСМ пред неколку години со ист вокабулар и со иста цел.
Спроведените проекти и конструктивниот пристап на кадрите на Демократската Унија за Интеграција ја демаскира политичката демагогија на ВМРО која покажува знаци на неоснована нервоза од успесите на Албанските кадри во водечките државни институции и политики.
Демократската Унија за Интеграција води транспарентни политики за развој на државата, со конкретна и докажана програма за добро владеење, со кадровски реформирана извршна власт, која е неспорен фактор на стабилност.
ВМРО мора да научи и да ја прифати реалноста за рамноправното вклучување на Албанците и дека времињата на политики против Албанците, против соседите, против НАТО и ЕУ никогаш не можат да се вратат во нашата земја.
Жално е да се види како фрустрацијата на ВМРО ги води на маргините на социјалната толеранција. Неосновани обвинувања, лаги и измислени заговори не и одговараат на една партија која претендира да ја води оваа земја.
ВМРО по неуспешниот обид за државен удар заедно со Левица, Беса и Алијанса не може да ги надмине емоциите и наместо да нуди решенија и предлози до граѓаните на Северна Македонија, нудат лаги и измами.
Ќе продолжиме да се бориме за доброто на нашите граѓани, обезбедувајќи подобар квалитет на живот, иницирајќи програми и проекти кои се создадени за зајакнување на економијата и подобрување на животот на нашите граѓани на кои им служиме, се наведува во денешнтот соопштение на ДУИ.