ДУИ преку Ислам Абази жртвува борци на УЧК за предизвикување тензии

Сподели

Јавноста треба да ја знае вистината за случајот Блерим Рамадани. ДУИ се обиде преку свои инсталации во судството да предизвика влошување на односите со Косово кои требаше да резултираат со тензии во Северна Македонија, се наведува во соопштението на ВЛЕН.

За среќа, Блерим Рамадани навреме го прочитал ова нивно сценарио. Главниот оперативец за жртвувањето на Блерим Рамадани беше Ислам Абази од Зајаз, кој дејствувал по налог на Али Ахмети и Блерим Беџети. Постојат три судски акти кои потврдуваат дека ДУИ работел прво да нема одредување мерка куќен притвор, па потоа истиот да се укине и Блерим Рамадани прво да се врати во истражниот затвор, а после да се екстрадира во Србија.

Планот на ДУИ беше ова да го искористи за потпалувачка реторика за да создаде револт кај Албанците и да го обвини ВРЕДИ.

Јасно е дека за ова криминализирано раководство на ДУИ веќе нема ништо свето. Ниту каузата на УЧК, ниту ликот и делото на загинатите и живи борци, ниту Охридскиот договор. За да се обидат да се спасат од правосудна одговорност и да го зачуваат нелегално стекнатиот имот подготвени се на се’! Дури и да го жртвуваат Блерим Рамадани за да предизвикаат тензии.

ВЛЕН