ДВ: Три пораки од Јанева на вчерашната прес-конференција

Сподели

Ни по вчерашната изјава на обвинителката Јанева работите не станаа појасни, вели адвокатот Драган Малиновски. Аналитичарот Џелал Незири лоцира три пораки во нејзината изјава.

Освен демант на шпекулациите за нејзина наводна инволвираност во случајот „Рекет“,  дали Катица Јанева вчера испрати и други пораки–  и до власта, и до Обвинителството што го истражува случајот? Според коментарите на социјалните мрежи дел од јавноста и натаму останува скептичен, други веруваат дека таа не ја поминала црвената линија, но сите бараат цврсти докази и ефикасна и брза истрага.

Три пораки

Сега сите очи се вперени во истрагата и во анализа на деталите од изјавата на специјалната јавна обвинителка.

„Кратката изјава, без простор за прашања од новинари, имаше за цел да испрати три пораки”, смета аналитичарот Џелал Незири.

„Првата –  дека е жртва на политичките игри или битки меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ;  втората – дека се познава со Бојан Јовановски, но дека ги знае и останатите кои имаат пријателство со него а сега бегаат од правдата користејќи ја нивната политичка моќ; и третата – дека Јовановски но и други го имаат злоупотребено нејзиното име за криминални цели. Преку оваа прес – конференција, Јанева се обиде да се претстави како жртва на политичката борба поради зафатот за да бори против високата корупција. Ова подразбира дека моќниците во и околу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ сториле сѐ да ја тргнат од СЈО, со тоа што самата институција да престане да постои”, оценува Незири.

Целиот текст на ДВ прочитајте го на следниот линк