„Движи се за здравје“- Европска недела на мобилност

Сподели

Од 16 – 22 септември почнува Европската недела на мобилност, каде ЈУ. Детски културен центар – Карпош секоја година традиционално ја дава својата поддршка преку реализација на манифестацијата „Движи се за здравје. На 16 септември со почеток од 10.00 часот на Фонтана Лотус ќе биде вистински спортски спектакл со децата од градинките од Град Скопје.

Целта на оваа манифестација е да се потсетиме дека вежбањето е еден од главните фактори за правилен раст и развој на децата, како и за подобрување на моторичкиот развој уште од рана предучилишна возраст.

Децата прекувежбањето и движењата, ќе ја откријат брзината и вештината на поминување на поставените полигони, возењето велосипед, тротинет и други спортски активности кои ги подготвивме за нив.

Манифестацијата „Движи се за здравје“ ја организира и реализира ЈУ. Детски културен центар –  „Карпош“ – Скопје во соработка со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.