ЕБРД: Силна поддршка за економиите во двете земји по ратификацијата на Договорот

Сподели

Претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Сума Чакрабарти упатил писмо со честитки до двајцата премиери, Зоран Заев и Алексис Ципрас за ратификацијата на Договорот од Преспа во парламентите на двете земји, оценувајќи го влегувањето во сила на овој важен Договор со преостанатите процедури, како важен влог во стабилноста и економските перспективи на двете земји, во регионот и Југоисточна Европа.

„Дозволете ми уште еднаш да ја реафирмирам силната посветеност на ЕБРД во поддршка на економиите на вашите земји и да ја изразам нашата подготвеност да ја интензивираме воспоставената соработка во интерес на соседните земјите и поширокиот регион“, стои меѓудругото во писмото.

Чакрабарти наведува дека Договорот од Преспа треба да ја зголеми довербата на инвеститорите и да ги отвори можностите за нови прекугранични проекти и регионална интеграција.