Албанскиот премиер Еди Рама изрази уверување дека можноста за обединување на Албанија и Косово во „голема Албанија“ ѝ припаѓа на минатото, пренесува Косовапрес. Тој ова го изјави во интервју за Ал џезира, на прашањето да даде коментар за можното обединување на Косово и Албанија.
„Тоа никогаш не беше нашата цел, бидејќи верувам дека „голема Албанија“, како и „голема Србија“ или што било друго „големо“, му припаѓаат на минатото. Тоа никогаш не беше опција, тоа едноставно му припаѓа на минатото“, кажа Рама во својот одговор.
На прашањето зошто за албанскиот премиер е важно Белград да ја признае независноста на Косово, Рама истакна дека тоа е многу важно за луѓето, и за граѓаните на Албанија, и за косовските Албанци и Срби, пренесува Б92.