Албанскиот премиер Еди Рама до Основниот суд во Приштина поднел тужба за клевета против косовскиот колега во заминување Рамуш Харадинај. Тужбата се однесува на клевета дека Рама наводно се залагал за рамена на територии меѓу Белград и Приштина. Харадина оценува дека тужбата нема основ и дека е поднесена само за да се избегне политичката одговорност.
Харадинај наведе дека во законски предвидениот рок ќе даде одговор на тужбата, пренесе Косово онлајн.
-Во медиумите денеска е објавено дека албанскиот премиер Еди Рама, на суд поднел тужба против мене. Според законот, јас ќе го подготвам одгвоорот на тужбата во законските рокови – наведе Харадинај.
„Тужбата на премиерот Рама е сосема неутемелена и претставува негова политичка диверзија за да се сокрие зад медиумските драми и за да ја избегне одговорноста. Нашиот народ и Косово имаат луѓе кои ќе бидат нејзиниот браник во секој момент“, наведе Харадинај на Фејсбук.
Рама претходно пред Основниот суд во Приштина поднесе тужба против Харадинај во која наведе дека косовскиот премиер го клеветел заради што бара извинување и отштета.
Во тужбата тој наведува дека Харадинај во неколку емисии емитувани во октомври минатата година зборувал за размена на територии меѓу Белград и Приштина, обвинувајќи го него дека со Хашим Тачи и Александар Вучиќ ја отвориле идејата за размена на територии.