Една година од потпишувањето на Преспанскиот договор

Сподели

Пред една година во Нивици беше потпишан Договорот од Преспа за окончување на деценискиот спор за името со Грција, а за откочување на евро-атлантските интеграции на земјава.

„Денеска е една година од потпишувањето на Преспанскиот договор помеѓу Северна Македонија и Грција и мислам дека Треба да се потсетиме на моќта на храброста и лидерството, и важните чекори кои се преземаа на Балканот. Се надевам дека земјите членки ќе се сетат и ќе оддадат признание за овие чекори, посебно во наредните денови кога важна одлука треба да се донесе за отворањето на преговорите со Албанија и Северна Македонија, одлука што треба да се донесе во најкус можен рок“, изјави, Федерика Могерини, Висок претставник за надворешна политика на ЕУ.

Датумот за ЕУ останува неизвесен, а неизвесен е и составот на владата за која премиерот Зоран Заев најави реконструкција.