Еднократна финансиска поддршка за лицата со попреченост

Сподели

 

Под мотото „Сите сме исти, сподели среќа“, по повод одбележување на 3. декември – Денот на лицата со попреченост, Одделението за детска, социјална и здравствена заштита од Општина Карпош, објави Јавен повик под број 11-7754/1 од 20.11.2023 година, за доделување на еднократна парична помош за оваа категорија на граѓани во висина од 3.000 денари. Притоа, право на остварување на еднократна парична помош имаат само лицата со попреченост коишто се жители на општина Карпош.

За таа намена, тие треба да достават соодветна документација до Архивата на Општина Карпош (ул. „Радика“ бр. 9, барака 2), најдоцна до 15.12.2023 година, којашто треба да содржи:

  • Копија од лична карта (со која се докажува дека подносителот е жител на општина Карпош);
  • Копија од трансакциска сметка (на име на подносителот на барањето);
  • Наод и мислење за вид и степен на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби или конзилијарно мислење/наод, за остварување на право на додаток за попреченост во прв степен или пак, друг документ со кој се потврдува видот и степенот на попреченост.

Барањето (формуларот) за доделување на еднократна парична помош, граѓаните можат да го проследат на следниов линк:  https://bit.ly/3szFbmy 

додека пак, за сите дополнителни информации можат да се обратат во Одделението за детска, социјална и здравствена заштита на телефонскиот број 02/3055-939