По пауза од една седмица и реализирани три ЕДУИНО-вебинари од оваа сезона, денеска со почеток од 18 часот продолжуваме со нови, атрактивни и корисни теми преку кои повторно имате можност да ги надградите вашите професионални перформанси!
Имајќи ги предвид вашите сугестии, забелешки и потреби и овој пат дизајниравме програма која ги следи тенденциите на модерното образование овозможувајќи ви да усвоите применливи практики. Заедно со вас досега успешно реализиравме две целосни изданија на серијалот ЕДУИНО-вебинари. Мотивирани и инспирирани од фидбекот, продолжуваме со вториот дел од третиот серијал кој е наменет за развој на вештините од областа на иновативната и дигиталната педагогија.
Зад нас се повеќе од триесет ЕДУИНО-вебинари поддржани од синергијата на над педесет илјади слушатели кои не ја пропуштија можноста да ги совладаат концептите за поквалитетна настава.
Зад нас се повеќе од триесет ЕДУИНО-вебинари поддржани од синергијата на над педесет илјади слушатели кои не ја пропуштија можноста да ги совладаат концептите за поквалитетна настава.
Со стекната самодоверба и големо искуство отпочнуваме со уште еден серијал едукативни активности за поддршка на воспитно-образовниот процес. Поттикнати од вашиот интерес и ентузијазам ценети наставници, професори и едукатори, повторно ве повикуваме и очекуваме заедно со вас, преку ЕДУИНО-вебинарите, да се впуштиме во заедничкта мисија да создадеме ученици подготвени за 21-от век!
#Целта на вебинарите: Употребата на новите технологии во наставата е голем предизвик кој постојано ги менува потребите на едукаторите. Наша цел и овојпат е, преку предавања кои вклучуваат практични и актуелни теми, да ја поттикнеме вашата професионална надградба.
Токму затоа, фокусот го ставивме на вештините потребни за спроведување на иновативни наставни методи, како и стекнување практични вештини за алатки кои би ги применувале во наставата. Развивме платформа преку која имате можност да ја зголемите вашата продуктивност и ефикасност и да стекнете применливо знаење.

#Како да учесници на ЕДУИНО- вебинарите, ќе имате можност:
да поставувате прашања;
да имате консултации со предавачите;
да добиете сертификат за стекнато знаење.
да имате консултации со предавачите;
да добиете сертификат за стекнато знаење.
За #темата: Кои се нивоата на поддршка кои ги обезбедува ресурсниот центар? Како се создаваат оптимални услови за квалитетно образование на сите деца вклучени во образовниот систем? Ова се прашањата на кои ќе бидат презентирани одговорите и практичните решенија на претстојниот ЕДУИНО-вебинар.
Воведниот дел ја опфаќа потребата од трансформација на посебните во основни училишта со ресурсен центар и дефинирање на улогата на основните училишта со ресурсен центар.
Во централниот дел ќе бидат објаснети нивоата на поддршка на инклузивното образование кои ги обезбедува основното училиште со ресурсен центар како што се: директна поддршка на учениците и нивните родители, поддршка на воспитно-образовниот кадар и поддршка на пошироката општествена заедница. Воедно ќе бидат опфатени и пристапот до услугите, реонизацијата и акцискиот план за соработка со основните училишта со ресурсен центар и центрите за поддршка на учењето на учениците со попреченост.
Заклучниот дел ќе ги сублимира придобивките од функционирањето на основните училишта со ресурсен центар за имплементација на инклузивното образование, како и
значењето на ефективната соработка помеѓу основните училишта и основните училишта со ресурсен центар и/центрите за поддршка на учењето на учениците со попреченост.
значењето на ефективната соработка помеѓу основните училишта и основните училишта со ресурсен центар и/центрите за поддршка на учењето на учениците со попреченост.
За #предавачот: Специјалниот едукатор и рехабилитатор, Марија Делетиќ, тековно ја извршува функцијата директор на ОУРЦ „д-р Златан Сремец“- Скопје. Делетиќ има богато искуство како наставник-специјален едукатор во училиште за ученици со интелектуална попреченост и аутизам, а воедно долги години работи и како наставник во формалнто и неформалното образование. Во нејзината професионална биографија се вбројуваат повеќе меѓународни сертификати, учество во изготвување програмски и системски документи, стратегии, концепции, методологии, стандарди, критериуми, законски и подзаконски акти. Делетиќ работи и како соработник за развој на наставни програми и образовни политики.
Очекувани резултати – по вебинарот учесниците ќе развијат вештини за:
улогата на ресурсниот центар за поддршка на инклузивното образование;
нивоата на поддршка на инклузивното образование кои ги обезбедува основното училиште со ресурсен центар;
начнот на добивање услуги од основното училиште со ресурсен центар;
придобивките од функционирањето на основните училишта со ресурсен центар за имплементација на инклузивното образование;
ефективната соработка помеѓу основните училишта и основните училишта со ресурсен центар и / центрите за поддршка на учењето на учениците со попреченост.

#Како да го следам настанот?
За сите заинтересирани овозможено е настанот да се следи на два начина:
1. Онлајн, како учесник на вебинарот преку линк на платформата ZOOM – https://cutt.ly/FBM68ve или преку YouTube каналот на ЕДУИНО – https://cutt.ly/hVHBKOR
2. Преку видео-снимките кои ќе бидат поставени на ЕДУИНО веб-страницата по реализирање на секој вебинар – https://www.eduino.mk/
#Напомена: Иако следењето преку ZOOM дозволува до 500 учесници, останатите учесници ќе може целосно да го следат настанот и да се вклучат во дискусијата преку преносот во живо на ЕДУИНО YouTube каналот. Учесниците ќе ги имаат истите овластувања и привилегии, без разлика дали го следат настанот преку YouTube или преку самата ZOOM алатка.
Пријавувањето е задолжително и истото ќе биде отворено до почеток на самиот настан. Ве молиме, отворете го следниот линк: https://cutt.ly/FBM68ve
Со пријавата автоматски сте внесени во системот за настанот и ќе добиете потсетување за приклучување.

#Сертификати: Сертификатите за вештини од областа на дигиталната педагогија отвораат можности за кариерен напредок и истите се олицетворение на вашите професионални достигнувања. Во рамките на вториот дел од третиот серијал ЕДУИНО вебинари ќе имате можност да добиете сертификат за стекнати знаења.
Сертификат за стекнати знаења:
Непосредно по завршувањето на вебинарот, преку споделување на линк до Google forms на слушателите ќе им биде отворен и достапен квиз со десет (10) прашања од кои, за да се добие сертификатот за стекнати знаења, најмалку седум (7) треба да бидат точно одговорени (или 70%). Решавањето на квизот ќе биде возможно само петнаесет минути (15 мин.) по настанот.
Неопходно е да потенцираме дека со сертификатот за стекнато знаење ќе може да да се стекнат единствено оние учесници кои ќе бидат во можност да го следат предавањето во живо преку ZOOM и / или YouTube.

Сертификатите ќе биде испратени во рок од 2-4 седмици, на е-адресата која е наведена во пријавата на учесниците, со точното име и презиме со кое е поднесена апликацијата.
Доделените сертификати ќе бидат во дигитална форма со потпис и печат од директорот на Бирото за развој на образованието (БРО).
Доделените сертификати ќе бидат во дигитална форма со потпис и печат од директорот на Бирото за развој на образованието (БРО).
За #проектот: Проектот „ЕДУИНО: Колективно подобрување на образованието преку ко-креирање и иновации“ е финансиран од Владата на Обединетото Кралство преку Амбасадата на Велика Британија во Скопје, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и УНИЦЕФ. Проектот го спроведува СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации.