По повод 10 години Прво па женско – фестивал за феминистичка култура и акција, организацијата Тиииит! Инк во соработка со Хелсиншкиот граѓански парламент од Бања Лука се вклучува во кампањата #АЗоштоНеБиМожела со работилниците за деца и млади кои ќе се одржат на 5 јуни 2022 година со почеток од 9 часот во Музеј на современа уметност, со реномираната босанска уметница Селма Селман.
Целта на работилниците „За еднаквост во работата со уметницата Селма Селман“ е да се поттикнат и мотивираат децата и младите да разговараат за родовата различност, да се поттикне намалувањето на родовиот јаз при уписот во училиште, напредувањето и задржувањето во училиштата на сите нивоа на образование и доживотно учење за девојчиња и момчиња, жени и мажи.
Работилниците ќе се одвиваат во две групи со посебен фокус на извесни теми. Работилницата за деца од 7-14 години ќе ги опфати темите: професии и родови стереотипи, жени лидери во мојата средина, родово базирано насилство. Додека работилницата за и млади од 14-18 години ќе ги опфати темите рамноправност во дигиталниот свет, онлајн дискриминација и родово-одговорен јазик.
Селма Селман е светски призната уметница со ромско потекло, којашто се бави со перформативна и медиумска уметност, и е добитничка на бројни престижни награди. Таа сè уште активно учествува и изложува на различни фестивали.