Почитувани едукатори и стручни соработници,
SmartUp – Social Innovation Lab ви го претстави новиот Тренинг за сајбер безбедност на едукатори.
“Поттикнати од континуираниот процес на учење и надоградување во полето на безбедност на интернет, го креиравме овој курс со цел полесно надминување на предизвиците и полесна адаптација на новите интернет трендови. Овој курс е само еден, но значаен чекор, во процесот на создавање системски решенија и механизми за справување со интернет заканите, поради што истиот вклучува заштита на личните податоци, справување со сајбер насилство, онлајн измами и промовирање етичко однесување на интернет.
Како учесници на ЕДУЛАБ-вебинарите, ќе имате можност:
да поставувувате прашања;
да имате консултации со предавачот;
да добиете сертификат за учество.
За #темата:
Темата на вториот ЕдуЛаб-вебинар е запознавање на едукаторите и стручните соработници со начините на безбедното онлајн однесување:
Позитивна онлајн комуникација
Препознавање и справување со кибернасилство
Почит и толерантно однесување на интернет
Критичко размислување со цел препознавање лажни информации и онлајн измами
Развивање критичко размислување и анализа на онлајн информации
се главните теми што ќе бидат опфатени и дискутирани на овој вебинар.
За #предавачот:
Валентина работи како наставник по Македонски јазик во ООУ „Лазо Ангеловски“, Аеродром. Таа воедно е и училиштен администратор за ЕСАРУ, Е-дневник и НПУД. Како долгогодишен едукатор, учествувала во многу државни и меѓународни проекти поврзани со подобрување на наставниот процес и учествувала на повеќе домашни и странски конференции посветени на образованието. Валентина посетила и била предавач на многу обуки посветени на подобрување и унапредување на образованието.
#Како да го следам настанот?
За сите заинтересирани овозможено е настанот да се следи на два начина:
1. Онлајн, како учесник на вебинарот преку линк на платформата ZOOM https://tinyurl.com/4n8ne7fk или преку YouTube каналот на СмартАП https://www.youtube.com/@ngosmartup ;
2. Преку YouTube каналот на СмартАП:
– на македонски јазик: следува наскоро
– на албански јазик: следува наскоро
#Напомена: Иако следењето преку ZOOM дозволува до 500 учесници, останатите учесници ќе може целосно да го следат настанот и да се вклучат во дискусијата преку преносот во живо на СмартАП YouTube каналот. Учесниците ќе ги имаат истите овластувања и привилегии, без разлика дали го следат настанот преку YouTube или преку самата ZOOM алатка.
Со пријавата автоматски сте внесени во системот за настанот и ќе добиете потсетување за приклучување.
За #проектот:
Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Тренинг за сајбер безбедност за едукатори”, имплементиран од страна на СмартАП – Лабораторија за социјални иновации, со финансиска поддршка од Амбасадата на САД.