Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, презентирајќи ги пакетот за проширување на ЕУ, денеска во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) препорача веднаш да почнат преговори со Северна Македонија и Албанија.
Тој земјава ја нарече „светол пример“ за другите земји.
-“Северна Македонија и Албанија продолжија со реформите, а Северна Македонија исто така постигна решение за долгогодишниот спор со Грција, но и Договор за добрососедство, што е светол пример за другите земји” – изјави Хан.
Според извештајот, ургентна е потребата на Западен Балкан за подобрување на меѓусебните соседски и внатрешни односи, како услов за регионална безбедноста. Договорот меѓу Македонија и Грција е оценет како историски.
Тој потоа рече дека бидејќи двете земји напреднале со реформите, Европската комисија бара да почнат преговорите за зачленување.