ЕК со позитивни оцени за новиот Закон за Академија за судии и јавни обвинители

Сподели

 

Ова е големо признание од меѓународната заедница која го мониторира напредокот на Република Северна Македонија, информираат од Владата.

Законските измени беа иницирани од страна на министерот за правда Кренар Лога, а поддржани од пратениците од владејачкото мнозинство откако претходно беа блокирани во Собранието.

Академијата за судии и јавни обвинители останува да биде светла точка во реформскиот процес на правосудниот систем, констатираше ЕК во скрининг Извештајот за Кластер 1 „Фундаментални вредности”.

Со измените се овозможува стекнување на унифицирано уверение за завршена почетна обука за судија и јавен обвинител. Европската комисија смета дека ова претставува голема придобивка во подигање на квалитетот на селекција на најдобрите кои се пријавени на огласите за прием во почетната обука на Академијата.

Законот предвидува и воедначување на судската пракса преку зголемен обем на обуки на судиите во рамките на Академијата за судии и јавни обвинители, како и редефинирање на начин на полагање на приемниот и завршниот испит врз основа на мерила и објективни критериуми за проценка на знаењата на кандидатите.

Министерството за правда и во наредниот период ќе биде максимално посветено на реформите во правосудството, владеење на правото со цел исполнување на условите за членство во Европската Унија.