Ексклузивна изложба по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик во НУБ „Св. Климент Охридски“– Скопје

Сподели

По повод 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, во холот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје е поставена изложба на избран фонд од Библиотеката.

Изложениот фонд датира од 1875 година до денес.

Ова е ретка можност да разгледате ексклузивна изложба во која е претставен дел од збирката Ретки и старопечатени книги, збирката Ретки сериски публикации, збирката Архивски примерок и дел од општиот фонд при Националната библиотека на Македонија.

Не пропуштајте ја можноста да ги видите оригиналите: За македонцките работи, Тријазичникот, Сердарот, Бели мугри, првиот Буквар со читанка, првата Граматика…

Изложбата ќе може да ја разгледате најдоцна до 16 мај во работното време на Библиотеката, а влезот е слободен.