ЕП усвои закон со кој забранува употреба на пластични предмети за еднократна употреба

Сподели

Европскиот парламент усвои закон со кој се забранува употреба на пластични предмети за еднократна употреба, како чинии и чаши, прибор за јадење, цевчиња, балони, стапчиња за чистење уши. Според новиот закон, пластичните предмети за еднократна употреба во ЕУ ќе бидат забранети до 2021 година.

Земјите-членки на ЕУ ќе треба да овозможат да бидат собрани 90% од употребливите пластични шишиња до 2029 година, а најмалку 25% од материјалот од кој ќе се произведуваат, ќе треба има можност за рециклирање, со што ќе ја намалат еколошката штета за 22 милијарди евра.

Научниците велат дека околу 150.000 тони пластика се фрлаат во европски води секој ден. Штетните ефекти на пластика врз животот во морето е се огромни бидејќи рибите и големите водни цицачи умираат поради загадувањето. Научниците веќе предупредија дека ако нешто не се направи, до 2050 година ќе има повеќе пластика од риби во океаните.

Според Европската комисија, повеќе од 80% од отпадот во морињата отпаѓа на пластика. Производите опфатени со новиот европски закон претставуваат 70 проценти од сите предмети кои го сочинуваат морскиот отпад. Поради бавниот процес на разградување, пластиката се акумулира во морињата, океаните и плажите низ целиот свет. Пластични остатоци се наоѓаат во морските животински видови, а со тоа и во синџирот на исхрана на луѓето.