ЕПТЕН СИЛЕН ОТРОВ! – Мерсел БИЉАЛИ

Сподели

Приказната се одвива на територијата под управата на Махараџата Sawai Singha од познатата палата Hawa Mahal (Палатат на ветриштата). Имено, жената на локалниот Раџа никако не се трпела со својата свекрва. Омразата кулминирала до ниво да снаата морала да смисли како да се спаси од нејзе. Затоа отишла до кај нејзиниот вујко, кој бил тревар за да ѝ даде некоја тревка со која бавно и незабележливо ќе ја отруе свекрвата. Тој и дал една тревка која таа требало да ја стави во нејзината храна што самата ќе ја зготви, така што за шест месеци ќе биде спасена од маките. Но, ја советувал, за да не биде приметена, таа цело време ќе треба да биде многу љубезна со свекрвата, оти ако нешто се дознае, глави ќе летаат. И така, таа секој ден самата спремала вкусни јадења, кои почнале многу да и се допаѓаат на свекрвата.

Што повеќе време измнувало, нивните односи се повеќе се подобрувале, па дури толку станале блиски што старата почнала снаата да ја третира како своја ќерка, а таа нејзе како нејзина мајка. Па затоа снаата морала брзо да смисли нешто како да ја запре смртта. Така плачејќи таа дортчала кај својот вујко треварот и го замолила, до бога, да и даде некоја друга тревка за да се спречи смртта на сега веќе саканата свекрва. „Не се грижи“ – и рекол треварот – „Тоа беше обична тревка за повкусни јадења и единствено нешто што е уништено е отровот во вашите срца – омразата меѓу вас“ – завршил треварот.

Приказната потсетува на долгогодишниот спор меѓу Македонија и Грција, кој кулминирал до голема омраза меѓу двете страни. Дури и внатре во државата желбата да се отруе политичкиот ривал со отровен природен продукт стана секојдневна. Ние често страдаме од отровни предрасуди и стереотипи од кои самите се труеме, оти тој што готви отров првиот самиот се труе. И станувавме болни. Штом не разболеа не качија на маглите за да летаме со умот и со разумот, а самите без мерка ловеле во магла. Цело време ги напаѓаа нашите срца за да ни ја преземат контролата врз нашите мозоци.

Проблемот со Грција, во очите на овдешната јавност со години бил злоупотребуван и сатанизиран, за нечии сметки многу да се наполнат, додека животот на обичните луѓете да се изпразни. Сега кога проблемот е демаскиран, јасно ни станува дека и на грчкото водство воопшто не му било лесно. „Грчкиот народ ќе треба да одлучи за ова, без преседан во историјата на човештвото, отстапување на историјата и културата на друг народ“- вели Каменос од владината коалиција кој бара референдум во својата држава.

На луѓето треба да им се објасни дека нема држава во светот што нема некакви проблеми со некоја друга држава, но улогата на политиката не е истите да се надуваат (тоа го прави фашизмот), туку да се решаваат. Првин, треба да се објасни дека над 80 отсто од државите во светот за надворешна употреба, не по нивна волја користат некое друго име различно од уставното, вклучувајќи ја и самата Грција, чие уставно име е – „Демократија Хелада“. Никој во светот не ја вика така. Уставното име на Албанија го користи само Косово и ниту една друга држава во светот. Истото важи и за Црна Гора, за Косово, Хрватска и за многу други држави. Кога сме кај Косово, дали нивниот идентитет е помал затоа што земјата не им се вика по нацијата?

Второ, зошто мислиме дека само над нас небото се руши!? Повеќето од државите во светот, дури и најслините, имале и имаат многу посложени проблеми кои соодветно ги решаваат. На пример, Кина сто години толерирала странска колонија над нејзиниот многу важен дел од територијата (Хонконг и Макао со околината со над седум милиони жители). Разговарале смирено 34 години за конечно во 1997 година тој дел даи биде вратен. Велика Британија над 80 години имала тешки проблеми за Северна Ирска (десетина илјади жртви само во Белфаст), па со смирен дијалог конечно за „Велики петок“ во 1998 година го решиле тешкиот проблем. Франција уште има проблеми со Корзика, Шпанија со Каталонија и Баскија, Русија со Украина и со бројни околни држави од бившиот СССР. Дури и САД не знаат што да прават со Порторико! Па и во нашето соседство полно проблеми – Грција и Турција за Кипар, Србија со Косово (етапно се решава), Хрватска со Словенија за територија, Албанија и Грција за територијалното море, итн.

Оттука, едни аналитичари кои свесно се праваат неписмени, сакаат да инфирираат што повеќе луѓе со неписменост. Само поради нивна лукративна – финансиска цел. Па затоа ќе мора да го кажат тоа што нема никаква допирна точка со нормалното и моралното. Тие мора да испорачаат дел од нивниот лажен морал за да ја оправдаат цената. Да кажеш дека ако го смениме името ќе сме го загубеле идентитетот е под нивото на инфантилен стандард за интелигенција. Или пак тие така ги третираат другите! Изгледа дека некои ептен посакувале законите на Дарвин да дејствуваат во спротивна насока. Па народите со векови биле под Турција па идентитетот не им бил загубен, иако тогаш како најпопуларно средство за комуникација бил магарето.

Тоа да го кажеш а истовремено да премолчиш дека третина од населението (најмногу способни млади) испарија од државата со се идентитетот, е повеќе од болен ум. За да браниш астрономски криминал треба да имаш расипан ум. За да кажеш дека „Скопје 2014“ е добар проект, тоа е веќе смрдлив ум. Значи, реално, неизнаоѓењето решение од корен го јаде идентитетот. Третата генерација на моите блиски и подалечни роднини кои живеат надвор нема многу допирни точки со мајчиниот јазик. Дури ќе те сметаат за примитивец ако им кажеш нешто. Селата и градовите се празнат налик на библискиот егзодус на Евреите. Го надминавме и Пол Пот од Црвените Кмери. Колку што земјата ја водат водачи надвор од паметот, толку нивниот памет ќе биде надвор од земјата. Душевната беда кај едни политичари и нивни поддржувачи создаде општа човечка беда. И сега ќе не спаселе тие што не давеле, а помина времето кога силно верувавме дека спасот е во злото. Помина времето кога луѓето веруваа дека Груевски им наоѓа лек на болните, вид на слепите, душа на умрените! Отровот веќе не дејствува.