ЕРДОГАН надвор од Турција на одмор, а во државата воен удар

Сподели

1219

Турската војска објавила соопштение во кое било наведено дека ја презела контролата над Турција, пренесуваат странските медиуми.

„Дел од војската изврши државен удар“, изјави премиерот на Турција, Бинали Јилдрим откако е објавено дека воени хеликоптери ниско ги надлетувале Анкара и Истанбул.

 

Одредени медиуми јавуваат дека воен хеликоптер пукал врз седиштето на Турската национална известувачка служба.

103393082TurkishsoldierNEWS-large_trans++eo_i_u9APj8RuoebjoAHt0k9u7HhRJvuo-ZLenGRumA

 

Британски „Гардијан“ пишува дека Обединетите Нации ги известиле вработените дека е во тек воен удар во Турција.

Граѓаните изјавиле дека забележале зголемено присуство на војската низ улиците, но не биле познати причините за тоа.

Турските медиуми пишуваат дека мостот на Босфорот во Истанбул како и мостот Фатих Султан Мехмет се затворени, а дека истрели од огнено оружје се слушаат во Анкара.

aaturkey-large_trans++zLhBCBTUP5peMii574YzVWoRpsipTVNW6gX36t8mCFA

Исто така социјалните мрежи во Турција се блокирани, а националната телевизја ТРТ е исклучена, јавуваат медиумите.

Ројтерс јави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е на одмор и надвор од земјата.