Ердоган: По обидот за пуч започнати се реформи на Оружените сили

Сподели

thumbs_b_c_556ffc2fe0f5f76c28812401cf37395b

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју за ТРТ зборуваше за последните случувања во Турција по обидот за државен удар на терористичката организација ФЕТО на 15 јули, велејќи дека разузнавачката служба не е служба чиј углед може да се наруши, јавува Anadolu Agency (AA).

„Разузнавачката служба не е служба чија репутација може да се наруши. Доколку се преземаат одредени чекори во врска со службата за разузнавање, Владата ќе го разгледа ова прашање и според тоа ќе донесе одлука. Ако погледнете, во САД, Русија, Германија, Франција, Велика Британија, ќе видите дека кај сите постоела слабост во разузнавачките служби во периодот кога се извршени терористичките напади во овие земји”, рече Ердоган, како одговор на евентуалните слабости во разузнавачките служби на Турција.

Тој нагласи дека по обидот за државен удар веќе се започнати реформи во Оружените сили на Турција, како и во рамките на другите државни институции.

„Кога се зборува за тоа, тоа не значи дека ќе се преземат чекори кои не се во согласност со законот, и не говорам да се преземат чекори кои не се во согласност со правдата. Но, извинете, не може така, не може да се сочувствувате со тиранинот, а да ги издадете угнетените”, рече Ердоган.

AA.COM