Ердоган прогласи победа на претседателските избори во Турција

Сподели

 

Реџеп Таип Ердоган победи во вториот круг од претседателските избори и беше реизбран за претседател на Турција.

Според резултатите што ги објави агенцијата Анадолија, а се однесуваат на 98% преброени избирачки места, Ердоган добил 52,10% од гласовите, а неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу 47,90%.

 

 

Ердоган го започна обраќањето со пеење пред насобраните приврзаници. Говорејќи качен врз автобусот на кампањата, тој им се заблагодари на гласачите и рече дека му дале одговорност да владее со Турција уште пет години. Тој владее веќе 20 години.