Ердоган: Турција ќе продолжи со борбата против терористичките организации

Сподели

thumbs_b_c_e46ad2583157f9566812334ac5edef96

АНКАРА (АА) – За терористичкиот напад кој се случи во вторникот вечер на аеродромот Ататурк во Истанбул, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека овој напад кој за цел ги има недолжните цивили, уште еднаш ги покажа лошите намери на терористичките организации, јавуваAnadolu Agency  (AA).

„Овој напад, кој за цел ги има недолжните цивили, уште еднаш ги покажа лоши намери на терористичките организации. Овој напод, не е со некоја намера, туку станува очигледно дека нивна единствена цел е со недолжната крв на цивилите и тагата и болката на нивните најблиски да се изврши негативна пропаганда кон Турција“, изјави претседателот Ердоган.

За истрајноста на Турција во борбата со тероризмот, претседателот на Турција Ердоган рече: „Турција, во својата борба против терористичките организации, и покрај цената која ја плаќа, ја има силата, мудроста и можностите, да се бори до крај.“

„Очекуваме светот, особено западните земји, нивните раководства, парламенти, медиумите, невладините организации, да дадат свој став против овие игри на терористичките организации“, рече претседателот Ердоган во врска со поддршката која терористичките организации ја добиваат од странство.

„Треба на секого да му е јасно дека меѓу Истанбул и Лондон, меѓу Анкара и Берлин, Измир и Чикаго, Анталија и Рим нема никаква разлика. Доколку сите држави, целото човештво не се обедини во заедничка борба против терористичките организации, тогаш она од што се плашиме и да го помислиме дека може да се случи, ќе почне да се случува едно по едно”, истакна претседателот Ердоган.