„Ериксон“ укинува 3.000 работни места во матичната Шведска

Сподели

thumbs_b_c_c57e7db30226e7d42c1bc0da57df0a1d

СТОКХОЛМ (АА) – Шведскиот производител за мобилна телефонија „Ериксон“, објави дека укинува 3.000 работни места и се намалува работењето во Шведска, како дел од глобалниот план на компанијата до 2017 година, со што ќе се намалат трошоците за 1 милијарда долари, јавува Anadolu Agency (AA).

Шведската компанија којашто вработува 16.000 лица во матичната земја, соопшти дека заштедите ќе бидат остварени во сите сегменти на работењето, вклучувајќи ги маркетингот, раководството, истражувањето и развојот.

Од компанијата се наведува дека зад отпуштањето стојат „технолошки промени“.

Сепак, компанијата соопшти дека во наредните три години ќе вработи 1.000 лица во секторот за истражување и развој, за да се задоволат потребите од нови технологии и да се зголеми софтверското портфолио.

Извршниот директор на „Ериксон“, Јан Фрикхамар, изјави дека компанијата продолжува да се фокусира на истражувањата и развојот и дека мерките за намалување на трошоците биле потребни со цел да се осигура долгорочната конкурентност на Ериксон.