Што можат да ти направат?
Што можат да ти направат?
Можат да ти го откорнат јазикот.
Посебен говорник никогаш не си бил.
Можат да ти ги ископаат очите.
Зарем не си се нагледал досега?
Можат да те лишат од машкоста.
Како маж не вредеше многу.
Можат ноктите да ти ги извадат.
И онака не треба да го чачкаш носот.
Можат нозете да ти ги отсечат.
Во твои години човек веќе не излегува.
Можат да те мачат до лудило.
За луд одамна те сметаат.