Во никој случај да не се менуваат Пешевски и Спасов, нека види цел народ колку е моќна и омилена ВМРО-ДПМНЕ и дека партискиот врв може да прави што сака.
Викендов почувствував голема потреба јавно да го замолам претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски да не презема никакви казнени мерки против своите носечки партиски кадри Владимир Пешевски и Диме Спасов поради некакви банални скандали во кои се најдоа ни криви, ни должни овие две големи перјаници на партијата. Не знам зошто се крена толку прав што Пешевски најучтиво ја прашал една новинарка: дали нејзините знаат дека е проститутка, или што Спасов млад и темпераментен час министер, час заменик, направил само две сообраќајки без жртви возејќи полноќен слалом со службен џип ептен расположен и весел низ центарот на Скопје. За вакви мали наивни детски игри не се жртвуваат големи играчи еден месец пред избори. Нека види цел народ колку е моќна и омилена ВМРО-ДПМНЕ и дека партискиот врв може да прави што сака.
Колумната на Ерил Ризаов во целост прочитајте ја тука