ЕСЕ: Жените се најчести жртви на семејно насилство-насилниците остануваат неказнети

Сподели

 

Жените се најчестите жртви на семејното насилство. Семејното насилство е посебна форма на родово засновано насилство кое главно ги погодува жените. Ова го потврдуват и податоците од судското набљудување според кое дури 83 % од жртвите/оштетените во кривичните постапки се жени, додека само 17 % од жртвите на семејно насилство се мажи. Од друга страна, 89 % од сторителите на кривични дела поврзани со семејното насилство се мажи, додека само 11 % од сторителите на семејно насилство се жени.

„Загрижувачки е тоа што во практиката насилниците остануваат неказнети. Од вкупно 66 предмети во кои е донесена пресуда, само во 10 предмети е изречена казна затвор. Условна осуда е изречена во дури 43 предмети. Судот донел и три ослободителни и 9 одбивателни пресуди“, се потенцира во извештајот.

Од ЕСЕ посочуваат и на фактот дека во електронскиот систем за раководење со предметите во судовите (АКМИС) нема посебна евиденција за предметите на семејно насилство, поради што Министерството за правда треба да внесе посебна евиденција за овие предмети во електронскиот систем во судовите и да се обезбедат јавно достапни податоци за граѓанските и за кривичните предмети за семејно насилство од страна на основните судови.

http://www.esem.org.mk/