ЕУ и Јапонија ставија потпис на заедничкиот договор за слободна трговија кој ќе стапи во сила во 2019 година. Договорот, најголемиот кој досега го постигнала Европската Унија, ќе обедини околу 600 милиони луѓе од двата пазари.
Европската Унија ќе укине 99 отсто од царините на увозот од Јапонија. Ќе ги укине царините на увозот на јапонски автомобили и камиони во осмата година како и на телевизорите во шестата година од примената на договорот.
Договорот претставува „јасна порака“ против протекционизмот, изјави денеска во Токио претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
„-Праќаме јасна порака дека сме против протекционизмот“, рече Туск на конференцијата за новинари, алудирајќи на американските царински тарифи кои ги воведе Донал Трамп.
„Покажуваме дека сме многу посилни и оти сме во подобра позиција кога работиме заедно“, изјави на конференцијата за новинари и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.