Европската Унија не ги признава избраните пратеници во државната Дума од Крим затоа што ги смета за нелегитимни изборите на полуостровот, јавува руската агенција „Новости“. Како што објавува медиумот, ова го изјавил висок претставник на Европска Унија.
Претходно портпаролот на шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, изјави дека ЕУ не го признава спроведувањето на изборите на полуостровот, затоа што го нема признаено влегувањето на Крим и на Севастопол во состав на Русија.
Легитимноста на изборите на Крим не ја признаваат ниту САД, соопштија од Стејт департментот.
„САД не го признаваат легитимитетот, ниту ќе го признаат резултатот на изборите што ги организира руската Дума на окупираниот Крим“, пишува во соопштението на портпаролот на Стеј департментот, Џон Кирби.