ЕУ: Русија ќе се соочи со сите опции доколку свирепоста продолжи

Сподели

На Самитот на Европскиот совет во Брисел се опфатени миграцијата, односите со Русија и ситуацијата во Сирија

eu

БРИСЕЛ (АА) – Учесниците на Европскиот совет доцна синоќа не успеаја да се согласат за санкциите против Русија во врска со Сирија, но предупредија дека ЕУ ќе ги разгледа сите достапни опции доколку моменталната свирепост продолжи, јавува Anadolu Agency (AA).

Во извештајот даден по првиот ден од Самитот во Брисел, лидерите на ЕУ остро ги осудија нападите на сирискиот режим и неговиот сојузник Русија врз цивилите во Алепо.

Денешниот дневен ред на самитот ги вклучува неодамнешните развивања на мигрантската политика на ЕУ, безбедноста на границите на ЕУ, соработката со африканските земји, заедно со односите со Русија и ситуацијата во Сирија.

ЕУ ги повика Русија и сирискиот режим да престанат со свирепоста и да преземат итни чекори за да обезбедат непречена хуманитарна помош во Алепо и во другите делови од земјата“.

„Оние што се одговорни за прекршувањето на меѓународното хуманитарно право и законот за хуманитарни права мора да бидат повикани на одговорност“, се вели во извештајот.

ЕУ исто така повика да се вложат напори за да се продолжи прекинот на огнот, да се достави хуманитарна помош до цивилите и да се создадат услови за започнување на преговорите за политичка транзиција на Сирија.

Во вторникот, руските и сириските воени авиони престанаа со бомбардирањето на Алепо, а Сирија беше на осумчасовна „хуманитарна пауза“ закажана за вчера.

Подоцна во текот на вчерашниот ден, рускиот министер за одбрана објави дека Русија ја продолжила „паузата“ за дополнителни 24 часа.

„Ова попладне имавме голема дискусија во врска со Русија“, изјави Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет.

„Лидерите ги разгледаа сите видови руски активности, од нарушувања на воздушниот простор, дезинформациски кампањи, хакерски напади, мешање во политичките процеси во ЕУ и надвор од неа“.

Тој додаде: „Од дадените примери, јасно е дека руската стратегија е да ја ослабне ЕУ“.

Туск нагласи дека целта на ЕУ не е да ги зголеми тензиите со Русија, ЕУ само реагирала на чекорите преземени од страна на Русија.

Туск наведе дека ЕУ е секогаш подготвена да се вклучи во дијалог. „Но никогаш нема да ги загрозиме нашите вредности или принципи. Поради тоа, лидерите се согласија да останат во тек. И пред сѐ, да се зачува единството на ЕУ“, додаде тој.