Европа ќе вложи милиони во зајакнување на кибер-безбедноста

Сподели

Европската комисија денес соопшти дека ќе обезбеди околу 11 милиони евра (12 милиони долари) за дополнително финансирање на борбата против кибернетичкиот криминал, јавува Anadolu Agency (AA).

Првиот потпретседател, Франс Тимерманс рече: „Европа мора заедно да се соочи со безбедносните предизвици и со терористичките закани“, и додаде дека ЕУ треба да продолжи со подобрувањето на својот одговор кон кибер нападите.

Оваа година се случија најмалку два големи кибер-напади. Уценувачкиот софтвер познат како „WannaCry“ и „Petya“ им го оневозможија пристапот на корисниците до нивните податоци, барајќи исплата за одредени значајни информации од датотеките.

Европската комисија истакна дека ќе работи на решавањето на недостатоците во сегашната рамка на кибер безбедноста.

Четиринаесет земји на ЕУ ќе добијат дополнителни средства со цел да ги зајакнат националните тимови за одговор на инциденти поврзани со компјутерската безбедност (Computer Security Incident Response Teams – CSIRT).