“Facebook” отстранил 1.9 милиони екстремистички содржини

Сподели

“Facebook” соопшти дека отстранила или поставила знак за предупредување на 1,9 милиони примероци со екстремистичка содржина, кои се поврзуваат со Исламска држава или Ал Каеда.

Тоа е направено во првите три месеци од годинава, што е речиси двојно повеќе од претходниот квартал.

Само мал дел од овие содржини беа откриени со помош на фидбек од корисниците на мрежата, додека 99% од терористичките содржини беа откриени од експертите кои работат во “Facebook”.

Како што руското влијание беше ставено во фокус, така извршните лица во “Facebook” изразија загриженост дека оваа социјална мрежа поради нејзиното огромно покривање е склона на злоупотреба.

ЕУ унија врши притисок врз “Facebook” и неговата конкуренција во областа на технолошката индустрија што побрзо да ги отстранат екстремистичките содржини или ќе се соочат со закони кои би ги проморале да го направат тоа.