Facebook се соочи со најголемиот прекин

Сподели

Од синоќа корисници на Фејсбук, Инстаграм, Ватсап и Месинџер од целиот свет пријавуваат проблеми при користење и логирање на апликациите. Проблемот, кој трае повеќе од 14 часа, се смета за еден од најголемите што ги претрпела социјалната мрежа.

Фејсбук мораше да се обрати кон јавноста преку својот ривал Твитер за да објасни дека има проблем.

Дел од корисниците на Фејсбук и други платформи во сопственост на технолошкиот гигант – вклучувајќи ги и Инстаграм, Месинџер и Ватсап – пријавија различни проблеми со пристап до услугите и објавување на содржините.

Долгиот прекин го вознемири маркетинг секторот кој троши големи количини на пари за да стигне до потенцијални клиенти на Фејсбук платформите. Предводничката социјална мрежа на компанијата има повеќе од 2,3 милијарди корисници, а Инстаграм има повеќе од 1 милијарда долари.

Проблемите започнаа во средата попладне влијаејќи на корисниците во повеќе региони, вклучувајќи ги и САД, Централна и Јужна Америка и Европа, според твитовите и сајтот за следење на прекините DownDetector.com. Корисниците во Азија имаа проблеми утринава.

Причината за прекинот и проблемите сè уште не се официјално соопштени.