Министерството за здравство информира дека почнувајќи од денес (01.02), во работен однос во Министерството е ангажиран Јосиф Мишевски, дипломиран фармацевт, кој ќе работи во секторот фармација.
Истовремено ова лице ќе биде активно вклучено и во креирање на Програмата за ретки болести. Имајќи во предвид дека лицето спаѓа во категоријата лица со ретки болести (со дијагноза ихтиоза), на овој начин лицата кои директно се засегнати од имплементацијата на Програмата, активно се вклучуваат во нејзиното креирање.
Дополнително, лицето има претходно работно искуство во невладиниот сектор, вклучувајќи и здружение за ретки болести со што користејќи го своето искуство значително ќе придонесе за унапредување на здравствената заштита за оваа категорија пациенти.