Пишував јас колумни и кога бев студент, во Студентски збор, чиј уредник беше Горан Михајловски. Пишував кога бев во екот на славата.
Се шегував на сметка на мојата голотија и популарност, кога многумина од вас мочаа во гаќи, и ги критикував театарските критичари, (бев на репертоари и во двата театри) по име и презиме, онака сочно како што Брдмен тоа го прави во филмот. Само кој да се сети…
И баш им го “накрши”, ене ги таму во белиот свет, после само десетина години – врвни научници, успешни луѓе, коишто ни за пет животи немаа да бидат тоа овде.
И не, не ги сакаме назад, никако, ниту на конгрес, ниту на визитинг, а камо ли како постојани вработени.
А знаете зошто? Зашто ќе бидат сведоци за нашата мизерија, незнаење и простотија, а со тоа и непријатели број еден…или како што вели Блаже Конески “…еден човек ќе сведочи за миг на твоја подла слабост…”
Фб статус, Синоличка Трпкова