ФБИ: СТРАНСКИ ХАКЕРИ УПАДНАЛЕ ВО КОМПЈУТЕРСКИТЕ СИСТЕМИ НА ИЗБОРНИТЕ КОМИСИИ

Сподели

fbi-hacked-tormail-users

Американското Федерално истражно биро откри дека лица, за кои се верува дека се странски хакери, упаднале во компјутерскиот систем на изборните комисии на некои држави.

ФБИ поради тоа препорачува на изборните претставници на сојузните држави, да ја зајакнат безбедноста на своите компјутерски системи.

„Јаху њус“ наведува дека компромитирани системи за регистрација на избирачите имало во Аризона и во Илиноис.

Најсериозниот упад, наводно, се случил во Илиноис, каде претставниците на изборните тела соопштиле дека системот за регистрирање на избирачите бил затворен 10 дена, во текот на  изминатиот месец, затоа што хакерите дошле до личните податоци на околу 200.000 избирачи.

Во Аризона станува збор за вметнување вирус во системот за регистрирање на избирачите, но еден од официјалните лица во таа држава изјавил дека личните податоци на избирачите не се отстранети.