Извршниот директор на тенискиот гренслем Австралија опен, Крег Тајли потврди дека славниот швајцарски тенисер Роџер Федерер следната сезона ќе игра на првиот грен слем турнир во годината.
„Федерер јавно потврди дека ќе биде на турнирот, исто како и Серена Вилијамс, која ќе го брка рекордот на Маргарет Корт од 24 победи на Грен слем турнирите“, изјави Тајли.
Швајцарецот нема играно од претходниот „Ози опен“, кога во полуфиналето на турнирот беше елиминиран од Џoковиќ.
Роџер имаше операција на коленото и поради закрепнувањето, претходно објави дека нема да се врати на терените до крајот на сезоната.
Во Мелбурн напорно работат на подготовките за Австралија опен.
“Планираме да имаме помеѓу 25 и 50% од капацитетот на публиката, а играчите ќе започнат да доаѓаат во нашиот комплекс во декември. Бевме охрабрени од успешните ГС-турнири во Франција и САД, земји во кои имаше многу случаи на ковид-19. Учиме од нивните примери”. – рече Тајли.
Отвореното тенискио првенство на Австралија на терениот на Мелбурн парк на програмата е од 18 јануари до 31 јануари 2021 година.
The post Федерер откри кога и официјално му се враќа на тенисот! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico