Фестивал ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 

Сподели

Следниот петок, на 5 јули сите патишта ќе водат до еден од најстарите градови во Македонија и на Балканот – Кратово, затоа што следуваат ЗЛАТНИ ДЕНОВИ, ДЕНОВИ ЗА ПАМЕТЕЊЕ. Од 2014 година па се до денес, Кратово е буден сведок на најдобрите забави и домаќин на илјадници посетители од Македонија и од регионот, кои на ЗЛАТНИ ДЕНОВИ ги создале најубавите летни спомени.

Во духот на добрата забава и традицијата, ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 одново ќе ја докаже посветеноста и лојалноста кон публиката, благодарение на одличната музичка програма.

Првата фестивалска вечер е во петок (05.07.2024) и градот ќе заживее во ритамот на најубавата македонска музика, благодарение на сите реномирани музички уметници кои  ќе настапат. Честа за остварање на фестивалот ја имаат Кратовски тамбураши, а забавата ќе продолжи со Трио Тајфа, Распеани кичевчани, мераклиите од Мерак меана, односно Блага Петреска,  Влатко Миладиноски, Дамјан Стојаноски, Благоја Грујовски, Кате Брезева Соната,  Златко Миладиноски, Елена и Лазар Наумови. Веднаш потоа публиката ќе има можност да се забавува на настапот на Brass Brothers и Диџеј.

Во текот на фестивалот, домаќин ќе биде единствената Лила Филиповска.

Во сабота (06.07.2024) први настапуваат Б.А.Д, локален рок бенд, а атмосферата дополнително ќе ја загреат Ana & The Girls. Ѕвезда на вечерта ќе биде една од најголемите балкански ѕвезди Данијела Мартиновиќ, која ќе обезбеди одлична забава и ќе приреди незаборавно фестивалско искуство за целата публика. ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 ќе заврши со Диџеј Жак и со настапот на еден од најактуелните и најпопуларни музички артисти Пајак.

Богата музичка програма, одлична постава на реномирани изведувачи, еуфорија и денови за паметење. ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 е неповторливо доживување кое не треба да го пропуштите, затоа зачувајте го датумот и бидете дел од златните денови, за да создадете нови незаборавни моменти.