Фестивалот „Запознај ја Преспа“ културен спој на уметниците од регионот

Сподели

 

Tромеѓето на Преспанското Езеро oд  денеска 23 до 25 јуни, по петти пат е локација за автентичниот фестивал кој спојува музика, уметност, традиција, гастрономија и работилници за иден развој на туризмот во овој регион.

Фестивалот започнува во селото Брајчино, сместено на падините на Пелистер, каде уметникот Никола Узуновски подготвува изложба и еко-арт инсталации во природа.

РеактАрт – што е во суштина уметничка резиденција „Преспа 2023“ во која се вклучени група млади уметници: Доротеј Нешовски, Неда Дамчевска, Грегорис Миргиотис, Ива Станковска, Душан Стефановски, Јана Николовска, Јована Марковска и Ардијан Ајдиниy ќе имаат своја презентација. На мостот во с. Брајчино, Мирко Попов ќе има и свој сет со винили.

Планирана е работилница за перспективите на Преспа како туристичка дестинација во Крани, на која туристички работници и производители на локални продукти од трите држави ќе разговараат за потенцијалите и потребите.

Шеснаесет Диџеи кои доаѓаат од трите земји во сабота „Од зајдисонце до изгрејсонце” на познатата локација „Дупени бич“ ќе имаат свои сетови.

В недела, фестивалот завршува со посета на селото Љубојно каде што ќе има презентација на европскиот фонд за Преспа EU4Prespa.