ИСТАНБУЛ (АА) – ФИФА ја претстави листата од 10 кандидати за најдобар тренер во 2016 година, во машка категорија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според објавата на веб-страницата на ФИФА, на листата составена од страна на фудбалскиот комитет, шпанскиот тренер Пеп Гвардиола и Луис Енрике, кои претходно успеале да ја добијат оваа награда, уште се на листата.
Кандидатите за најдобар тренер на годината во машка конкуренција се:
Крис Колман (Репрезентацијата на Велс)
Дидјер Дешамп (Репрезентацијата на Франција)
Пеп Гвардиола (Бауерн Минхен-Манчестер сити)
Јорген Клоп (Ливерпул)
Луис Енрике (Барселона)
Маурисио Покетино (Тотенхем)
Клаудио Раниери (Лечестер сити)
Фернандо Сантос (Репрезентацијата на Португалија)
Диего Симеоне (Атлетико Мадрид)
Зинедин Зидан (Реал Мадрид)
По гласањето од страна на тренерите на репрезентациите и капитените, како и на навивачите и новинарите, листата на кандидатите ќе се намали на 3 и ќе биде објавена во 2 декември. Најдобриот тренер ќе биде прогласен во јануари 2017 година, на церемонијата што ќе се организира во Цирих.