ФИЛХАРМОНИЈА: Концерт на виолинистките Кондратенко и Богоевска

Сподели

 

Вечерва во Филхармонија на програмата е концертот насловен „Контемплација со Перт и Шнитке“ на кој како солисти ќе настапат виолинистките Анна Кондратенко и Ева Богоевска, со почеток од 20 часот.

Диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија, а на програмата се Кончерто гросо бр.1 од А.Шнитке, Трисагион од А.Перт и „Малата Данелиада“ од Г.Канчели.

 

                       Емил Табаков

 

Кондратенко работи како концерт-мајстор и солист во оркестарот на Македонската филхармонија и како концерт-мајстор и солист на оркестарот на F.A.M.E.‘S Project во Скопје.

 

                   Анна Кондратенко

 

 

Богоевска е родена 1999 година во Скопје. Почнува да изучува виолина на седумгодишна возраст во класата на проф. Анна Кондратенко. На 16-годишна возраст се запишува на Факултетот за музичка уметност во Скопје, како најмлад студент во државата, на отсекот за виолина во класата на проф. Олег Кондратенко и во 2020 дипломира со највисок просек – 10. Добитник е на многу државни и меѓународни награди.

 

         Ева Богоевска