Филипче: Пациентите со трансплатирани бубрези добро закрепнуваат

Сподели

 

Пациентите на кои им беше извршена трансплантација на бубрези од починат донор се во добра здравствена состојба. Тие закрепнуваат и се под континуиран надзор и максимална грижа од страна на нашите лекари. И во ек на пандемија од коронавирус, продолжуваме со реализација на Програмата за трансплантација. Овозможуваме квалитетна здравствена заштита за сите граѓани, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.