Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека се набавени тестови за т.н. брза дијагностика кои ќе се користат при приемот на пациенти во клиничките болници.
Тестовите се стигнати и ќе бидат распределени во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, Инфективната клиника и Гинеколошко акушерската клиника. Тестот ќе биде готов за 45 минути, а по тријажата и брзиот тест, веднаш ќе се пристапи кон соодветната интервенција.