Филипче: Од октомври, лекови на рецепт насекаде и во текот на цел месец

Сподели

 

Квотите за лекови на рецепт целосно ќе се укинат од 1. октомври низ целата земја, исто како што од почетокот на август ги укинавме квотите во регионите на Охрид, Струга, Ресен, Дојран и Гевгелија, потсети вчера министерот за здравство Венко Филипче.

„Придобивка од ова решение е надминување на проблемот со недостатокот на лекови, да бидат подостапни за пациентите. Ова е само еден сегмент. Го зајакнуваме системот на примарно здравство. Сериозно веруваме дека следната година ќе имаме целосно променета слика со патронажни сервиси кои ќе можат да им даваат услуги на пациентите во домашни услови, со лекови достапни во аптеките ширум државата. Тоа ќе значи поквалитетен здравствен систем, полесен пристап до здравствена услуга и задоволни пациенти – порача тој.

Како придобивки од укинувањето на квотите за лекови на рецепт, тој ги наведе редовниот пристап до лекови на рецепт во текот на целиот месец и избегнување на гужви во аптеките, посебно на почетокот на месецот.

Осигурените лица од 1. октомври ќе можат да ги подигнуваат лековите во аптека со рецепт и документ за лична идентификација (лична карта или пасош).

На рецептот го има името и презимето и единствениот матичен број на осигуреникот на кого е препишан лекот. Доколку осигуреникот не може сам да го пидигне лекот, тогаш го подигнува друго лице во негово име чиј број на лична карта се запишува на рецептот.

https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/3316637108353969/